сабота, 1 јуни 2024 година, Телма телевизија, 22.15 часот – Отпор
Сè што Марсел Марсо (Џес Ајзенберг) сака е живот за уметноста.
Талентираниот мимичар се обидува да го оствари својот сон на малите сцени во градот и да ја придобие наклонетоста на политички активната Ема (Клеменс Поези). За да ѝ угоди, Марсел се согласува да се приклучи на опасна мисија која засекогаш ќе го промени текот на неговиот живот: тие сакаат да спасат 123 еврејски сираци од рацете на германските нацисти.
Заедно со Ема, Марсел се приклучува на францускиот отпор и неговата уметност ќе се покаже како најголемото оружје против ужасите на војната.
Дани | ТВ Пакет