Почетна / Живот / Отворен е вториот инкубаторски повик на Стартап Клуб Скопје

Отворен е вториот инкубаторски повик на Стартап Клуб Скопје

Време е за нови стартап бизниси на нашата сцена! – Стартап Клуб Скопје првиот централен македонски претприемачки хаб го отвори вториот инкубаторски повик.

По спроверувањето на првиот инкубаторски повик #ИмамИдеја1 преку кој беше овозможено менторство на 12 бизнис идеи, развој на 8 стартапи во почетна фаза и 3 инвестиции од домашни и странски инвеститори, тимот на Стартап Клуб Скопје е мотивиран повторно да ја започне тримесечната инкубаторска програма.

Инкубаторската програма овозможува поддршка во вредност од 10 000 евра која вклучува, развој на бизнис модел, стратегија за настапување на пазарот, правна и административна поддршка, стартап финансирање, менторство при бизнис и маркетинг стратегија, развој на MVP, користење на заеднички канцелариски простор во склоп на Стартап Клуб Скопје. Завршниот дел од програмата го вклучува настанот „Демо Ден“, каде преку презентации пред избрани инвеститори, бизнис ангели, и компании, тимовите од програмата ќе имаат можност да стигнат до своите први инвестиции.

Целта на нашата инкубаторска програма #ИмамИдеја е да го поддржи развојот на иновативни бизнис идеи под мотото „Стартапи градат стартапи“ обезбедувајќи менторство од основачи на успешни стартап компании на домашни и странски пазари. Се водиме од тоа: „Да им помогнеме на претприемачите да успеат“. Знаеме дека патот од идеја до успешен бизнис може да биде тежок и предизвикувачки и затоа сме тука да ви помогнеме! – Изјави Сашо Јовановски претседател и основач на Стартап Клуб Скопје.

Повикот е отворен до 31ви октомври за тимови и индивидуалци кои имаат уникатна бизнис идеја и се подготвени истата да ја реализираат во наредите 5 месеци, а својата апликација за учество можат да ја поднесат преку следниот формулар.

Селекцијата за учество на инкубаторската програма ќе ја направи внимателно избрана комисија од ментори и инвеститори врз основа на критериуми како што се: степен на иновативност, капацитет на проектниот тим, потенцијал на пазарот и слично. Според овие критериуми ќе се одберат 30 идеи кои ќе учествуваат на тридневен хакатон. За време на хакатонот, учесниците ќе имаат можност да се вмрежат и да развијат бизнис модел кој ќе биде основа за финален влез во инкубаторската програма која ќе вклучи вкупно 15 бизнис идеи. – Изјави Огнен Јанкуловски, програмски координатор на инкубаторската прорама.
Со оваа програма, Стартап Клуб Скопје презема конкретни чекори кон остварување на својата главна цел: Поддршка и развој на стартап заедницата и севкупниот стартап екосистем, преку обезбедување на потребните ресурси, обуки и знаење за младите претприемачи зголемувајќи ги можностите за успех на стартап идеите во Македонија.
Пријавувањето за учество на Инкубаторската програма е отворено до 31 октомври 2024. Сите тековни информации за менторите и поддржувачите на програмата може да ги погледнете на официјалните профили на Стартап Клуб Скопје, фејсбук, инстаграм и линкедин.
Направете го првиот чекор кон градење на сопрствен бизнис и аплицирајте за учество на #ИмамИдеја2

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ана Котевска со златна медала на Олимпијадата по германски јазик

Aна Котевска, ученичка во специјалната германска паралелка при гимназијата ,,Јосип Броз Тито” од Скопје е …

error: Содржината е заштитена!