Отворена е новата Literatura.mk Superstore книжарница во Скопје Сити Мол (втор кат). Книжарницата претставува најголема книжара во Македонија со површина од 500 метри квадратни. Во чест на официјалното отварање кое беше на 20-ти Мај 2020 година, ексклузивен настап имаше македонскиот гитарски виртуоз Влатко Стефановски, придружуван од неговиот син Јан Стефановски и младиот басист Иван Кукиќ.
Книжарницата има богата понуда на книги за сите генерации на неколку јазици, програма за подароци, канцелариска и училишна опрема, играчки и кафе-бар, во архитектонски модерно дизајнираниот простор се застапени и помагала за уметност и дизајн, како и рачни изработки.
Посебен акцент е ставен на гифт-програмата, во која покрај производите од добро познатиот бренд „Скрипти“ (нотеси, планери, чаши, маички, картички , магнети и друго) ќе може да се најдат и луксузни подароци, дизајнерски производи за во домот и за во канцеларија.
Во книжарницата има и широка понуда на играчки за деца, од 0 до 14 години, од повеќе познати светски брендови како Clementoni, Manopoulos, Bontempi, Cobi, Creativ, Engino, V-cube, Italeri, AnimalPlanet и 4M.
Еден од најзначајните новитети е кафе-барот, којшто ќе биде во функција кога ќе има дозвола за работа на локали од ваков вид во затворени трговски центри.
Кафулето на „Литература.мк“ ќе опфаќа 60 m² од внатрешноста на продавницата и 100 m² на терасата. Тоа ќе биде првиот локал каде што ексклузивно ќе биде застапено едно од најдобрите кафиња Café Italia, кое во кафе-книжарницата ќе може да се најде и како ребрендирано во Café Literatura.
Дани | ТВ Пакет