Вечерва, ноќ пред големиот христијански празник, отворена програма на 1 ТВ во живо од православните храмови низ Скопје. Духот на убавата празнична вечер ќе влезе во домовите на граѓаните токму преку празничната програма на 1 ТВ.
Денес е денот меѓу смртта и воскресението. На Велика сабота се прават последните подготовки за празникот, се чисти куќата и се готви храна. Вечерта, околу полноќ, се оди во црквата каде што секој носи црвено јајце. На полноќ сите присутни со тропарот „Христос воскресе“ три пати ја обиколуваат црквата. Во црквата се останува за големата литургија, а потоа се причестуваат, се кршкаат со црвените јајца и се омрсуваат. На малите деца вечерва под перницата им ставаат црвено јајце што им го даваат утре кога ги водат во црквата.
Дани | ТВ Пакет