Во Техномаркет ќе се трча на првата outlet распродажба на техника
Техномаркет спроведува прва outlet распродажба на техника под мотото „Трчаме во Техномаркет“. Акцијата што ќе започне во петок, 9ти мај, а ќе трае до недела, 11ти мај или додека траат залихите, ќе опфати намалувања од 10, 20, 30, 40 и 50% на дел од производите од бела и црна техника, IT, мали кујнски апарати, телефони и друго.
На 9ти мај, точно на полноќ, на веб страницата на компанијата ќе бидат истакнати сите артикли со дадениот outlet попуст, што ќе им бидат достапни на потрошувачите истиот ден, во сите продажни салони на Техномаркет ширум државата, но тие нема да важат за услугата on-line купување.
Најголемиот синџир на продавници за техника за првпат во Македонија организира outlet распродажба, што значи купување производи од минатите сезони со големи намалувања и со тоа ќе им овозможи на граѓаните да ги доопремат своите домови по неверојатно атрактивни и пристапни цени.
На овој начин компанијата уште еднаш ја потврдува својата заложба, константно да води грижа за своите потрошувачи и преку интересни и иновативни акции да ја награди нивната долгогодишна доверба.
| ТВ Пакет