Турската актерка Асли Енвер, позната како “Истанбулската невеста” ја откри тајната за нејзината фигура. Одреден период во минатото пред да започне со снимање на серијата, актерката имала проблем со вишокот на килограми, но со помош на кето диетата, успеала да дојде до посакуваната тежина.
Кетогена или кето диета е посебна диета која вклучува драстично намален внес на јаглени хидрати и зголемено внесување маснотии и соодветно внесување на протеини.
Кога телото се храни на овој начин, влегува во состојба на кетоза што значи дека троши маснотии наместо јаглехидрати како примарен извор на енергија. Постигнувањето и одржувањето на состојба на кетоза не е толку лесно како што изгледа затоа што морала сериозно да го намали внесот на јаглени хидрати, обично на 20 до 50 грама на ден.
Иако кето диетите се безбедни за повеќето луѓе, како и со секоја диета, луѓето треба да се консултираат со доктор, што и направила Невестата, следејќи ги сите совети.
– “Кога бев на кето диета, препорачлива храна ми беа месо, јајца, природни масти како што се путер и маслиново масло, разни риби и морски плодови, намалени јаглени хидрати, многу зеленчук, тврдо сирење, ореви, мајонез, маслинки, а понекогаш на моето мени беше и Бери овошјето. Забранетата храна е онаа која содржи голема количини шеќер и скроб, имено: ориз, тестенини, леб, сокови, слатки, компири, овошје, пиво, млеко и јогурти со намалена содржина на маснотии.
Пиев многу вода, незасладено кафе или чај. На почетокот чувствував главоболка, замор, вртоглавица и гадење, но издржав за да ги намалам килограмите” – објаснува актерката за својата диета.
Дани | ТВ Пакет