На веб страната на телевизија Алфа не постои дел во кој ќе бидат претставени сите содржини што се емитуваат на телевизијата, како серии, филмови, преглед на сите емисии по примерот на другите македонски, балкански и светски комерцијални телевизии.
Во делот на Емисии нема никакво ажурирање од 2023-та година, значи повеќе од година дена не е ништо променето и додадено кај емисиите, па така се уште стојат стари изданија од Вечерното шоу на Богдан, За или против, Заспиј ако можеш итн.
Конкретно, изданија од почетокот на јануари од 2023-та година, значи емисии стари скоро две години.
Подолу на главната страна стојат последните емисии, но зошто истите не се вметнати во делот што е предвиден за Емисии ?
А воедно, емисиите како Везилка, Вкусот на традицијата, Урбан блок, На здравје, Старс не ни фигурираат на веб страната.
Доколку се движите низ веб сајтот на Алфа, ќе најдете и најава за тоа што ќе гледате оваа есен на Алфа.
Но и ова е грешна информација. Во објавата стои турската серија Плачот на виолината која се емитуваше ланската есен, а не оваа. Значи од ланската есен, Алфа нема ажурирано ништо во делот на програмата со оглед дека оваа сезона нема никакви нови серии.
| ТВ Пакет