Од вторник (23 октомври), веднаш по последната епизода од “Сезона на црешите” започнува новата сезона на вашата омилена љубовна драма “Карасевда”. “Карасевда” е една од најуспешните телевизиски драми од Турција последниве години, која со голем успех се емитуваше во сите балкански и арапски земји.
Има добиено многу признанија во матичната земја како ‘Најдобра драма на годината’ од страна на познати турски универзитети, а признание од жирито доби и на 11-те интернационални награди Seoul Drama Awards in 2016. За прв пат во историјата на престижните интернационални награди ЕМИ, турска серија е избрана за најдобра теленовела за оваа година. “Kara Sevda” е таа која триумфираше во категоријата за најдобра теленовела.
Од самиот старт, бесконечната љубов на Кемал и Нихан ги освои срцата на гледачите. Тој мораше да замине, а таа беше приморана и уценета во име на долгот на семејството да се омажи за злобниот Емир. Години подоцна, срцата на нежната Нихан и згодниот Кемал повторно се сретнаа. Жарот на страста се разгори како никогаш претходно, а опасноста им стоеше зад петици повеќе од било кога.
Игрите на посесивниот Емир земаа голем замав, подготвен на се за да не ја изгуби сопругата, а таа не можеше повеќе да издржи и мораше тајно да ги притајува своите чувства кон љубениот Кемал. Не пропуштајте ги новите заплети од новата сезона на “Карасевда” на Сител.
Дани | ТВ Пакет