По веселите новогодишни програми на Алсат и Шења, по полноќ следува новогодишен филмски маратон на двете телевизии. Во продолжение осврт на филмовите што ќе се емитуваат со албански титл :
00.30 часот, Алсат – “Everly”
- Селма Хајек во акцискиот трилер за Еверли, жена заробена во еден стан, која ќе мора да го преживее нападот на војската на професионални војници убијци кои ги ангажирал нејзиниот бивш дечко, озогласен мафијаш.
02.15 часот, Алсат – “Good kill”
- американска драма, добитник на Златен лав на фестивал во Венеција и добитник на награда на филмскиот фестивал во Торонто. Сторија за еден пилот на дронови кои ги убиваат Талибанците, кој наскоро ќе почне да се преиспитува за моралниот аспект на она што го право.
04.15 часот, Алсат – “The ideas of March”
- политички трилер на Џорџ Клуни со Рајан Гослинг во главната улога. Рајан е во улога на наивен дечко кој во валканата политичка игра за власт и моќ, ќе заборави за кого и за што работи.
06.00 часот, Алсат – “To Rome with love”
- романтична комедија на Вуди Ален, сместена во магичниот Рим ни носи четири љубовни приказни преку кои ќе пратиме згоди и незгоди на различни профили на луѓе кои ќе мора да се изборат за својата среќа и својата љубов.
02.30 часот, Шења – “Stone”
- Роберт де Ниро, Мила Јововиќ и Едвард Нортон во американскиот крими трилер од 2010 година. Провокативна драма за двајца мажи, еден службеник во затвор, а другиот пресметлив затвореник чии нестабилни животи ќе бидат ставени на тест.
04.30 часот, Шења – “The barrens”
- Еден човек ја носи својата фмаилија на кампување, но набрзо ќе сфати дека се демнети од легендарниот монструм од зимзелените шуми на Њу Џерси. Ѓаволот од шумата ќе донесе вистински хорор на телевизија Шења.
Дани | ТВ Пакет