На Сител телевизија стартува новата хрватска успешница “На граница” која ќе се емитува секоја вечер и која ќе понуди голема доза на забава и хумор во овие мрачни и политички ситуации. Насловната песна на серијата ја изведуваат познатата хрватска пејачка Данијела Мартиновиќ и Јошко Чагаљ Јоле, автор на музиката е Тончи Хуљич, а зад аранжманот се потпишува Лео Шкаро.
Дејството на серијата се одвива во село Локвица кое се наоѓа на границата меѓу Хрватска и БиХ, па така и спотот се снимаше во тој реон. Освен Данијела и Јоле, во спотот гледаме и кадри од самата серија. Во продолжение слушнете го новиот хрватски хит и подгответе се за стартот на “На граница”:
Дани | ТВ Пакет