На 5 декември ќе се одржи првата патувачка изложба на Дороти Пачкова, на уметнички дела, настанати под предизвичкувачки околности, пристигнати во Р.С.Македонија, со поддршка на мрежа на балкански солидарни женски центри, преку Босна и Херцеховина и Црна Гора.
Со ова се започнува претставување на мрежното функционирање на Центарот за слобода и култура, на жени и девојки уметнички од регионот, со поддршка на повеќе музеи и галерии од целата земја, со поддршка на Министерство за култура на Р.С.М. преку Нов културен бран 2019, и секторот за спорт и млади при град Скопје.
Првава изложба е во Штип – Дом на млади, а потоа следат уште неколку интерактивни изложби, се анкетираат девојки и жени уметнички во однос на нивните потреби, како тие сметаат дека би можеле да се вклучат во АРТ ФЕМ и што би им било нив најмногу од полза ако се дел од Центар за слобода и уметност.
Авторката на проектот АРТФЕМ, академска сликарка и родов експерт, ги кани на партиципативно учество сите уметнички и културни работнички: „Арт Фем”, го градиме оддолу нагоре, па затоа, ова е место за сите уметнички, сите активистки, сите културни работнички. Во зачетнава фаза се воспоставуваат темели за изградба на силно женско уметничко движење, па затоа ве мотивираме, праќајте ЦВа, портфолиа и мотивациони писма на нашиот меил: [email protected]
Изложбата исто така се приклучува на мапата настани посветени на „16 дена кампања против насилството врз жените и девојчињата” но е и воедно проглас за прибирање на дела од уметници кои сакаат да донираат дело за Хуманитарната изложба на Томислав Кежаровски, чии средства ќе ги искористи за купување на новогодишни подароци на децата чии родители се во затвор. Авторката ќе ги собира делата пристигнати за мисијата на Томислав К. и ќе ги достави до него, во Скопје.
Датум: 05.12.2018, 12 ч
Локација: ДОМ НА МЛАДИ – ШТИП
Дани | ТВ Пакет