Што прават Весна, Каролина и Елена периодов?
Интересни фотографии прокружија низ социјалните мрежи, а поставени од страна на некои од јавните личности од Македонија. Имено, Весна Петрушевска и Каролина Гочева овој период биле “заразени” со британската крими драма “Жилетите од Бирмингем” (Peaky blinders), па не изостанаа тоа да го објават на Инстаграм и Фејсбук.
Покрај гледањето на иста серија, Каролина и Бејби сакаат да се забавуваат и на иста музика, па така минатата недела заедно присуствуваа на спектакуларниот настап на Дејвид Гета на Стадион.
Каролина овој период сними реклами за Синалко, а на 15-ти јули во Прилеп настапува на Пиво Фест, каде пред публиката ќе се претстави со својот бенд со песни од проектот „Македонско девојче“. Освен журки и гледање серии, таа води и здрав живот. За тоа сведочи најновата фотографија која ја направи на падините на Водно, каде друштво и прави една од најдобрите нејзини пријателки, Елена Ристеска.
Елена, како што и самата изјави, решена е летово да се стави во “топ форма” и затоа ќе се посвети на тенисот и пешачењето. Овој период е актуелна со нејзината најнова балада “Немаш право ти да ми судиш” која ги освојува срцата на сите вљубени и сите разделени.
Дани | ТВ Пакет