Почетна / Забава / Евровизија / Фреди со неговата „Pioneer“ ќе ја претставува Унгарија на Евровизија

Фреди со неговата „Pioneer“ ќе ја претставува Унгарија на Евровизија

 

Вака ќе звучи Унгарија на Евровизија 2016

Унгарија е една од земјите која во последните пет години многу вложува за нејзиното учество на Евровизија а нивниот формат на избор A Dal, кој годинава ја имаше својата петта сезона, им донесе високи резултати со тоа што од 2012 па наваму секоја година се дел од финалето, а имаат и две топ 10 места (2013, 2014) година.

 

 

На 19 октомври минатата година го потврдија своето 16-то по ред учество на Евровизија и изјавувајќи дека A Dal и натаму ќе биде методот со кој ќе го изберат својот претставник. Форматот на A Dal се состои од шест емисии: три квалификациони шоуа, две полуфиналиња и финале. Од 23 јануари па се до 27 февруари траеше овој избор, каде што победникот беше одбран од осум финалисти. Во финалето, четирите најдобри од гласовите од жирито продолжуваа во втората фаза, каде што победникот беше избран од гласовите од публиката.

 

Gábor Alfréd Fehérvári или уметнички Фреди е роден на 8 април 1990 година. Има студирани студии по маркетинг пред неговата музичка кариера. До 2010 година не само што пеел туку и свирел во мали бендови. Популарноста ја стекнува во Унгарската верзија на Rising Star, каде што стигнува во четирите најдобри кандидати и завршува на четвртото место. После овој натпревар, соработува со Андрас Калај (Евровизија 2014). Неговиот прв сингл “Mary Joe” завршува во ТОП 30 на унгарските радио станици и станува домашен летен хит за 2015 година. Започнува да твори под неговото уметничко име Фреди од есента 2015 година.

 

 

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Програмски совет на МРТ : Да направиме напори за учество на Евросонг

Програмскиот совет на МРТ како тело по третпат, односно трета година по ред, сме сложни …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!