Роден во Адана на 26 јули 1986 година, Еркан Мерич основното и средното образование го завршил во Мерсин и дипломирал на одделот за електронска автоматизација на Универзитетот во Мерсин во 2008 година.
Еркан Мерич по завршиување на факултетот, започнува со кариера како модел, пријавувајќи се на натпреварот Best Model of Turkey одржан во 2008 година, каде бил избран за најдобар фотомодел.
Во 2009 година, повторно учествува на натпреварот Best Model of Turkey 2009 и победил. Мерич, кој беше избран прв на натпреварот за најдобар модел на светот што се одржа во Бугарија, ја доби титулата „Најдобар машки модел во светот“.
Тој е третиот турски модел кој ја освоил оваа титула по Кенан Имирзалиоглу и Киванч Татлитуг.
Maкедонската публика моментално го следи во попладневната сапуница “Судбина” на Канал 5.
Дани | ТВ Пакет