По над осум години од згаснувањето на најгледаната телевизија А1 чиј сопственик беше Велија Рамковски, таа наскоро повторно ќе се отвори, пренесува „Скопје 1“.
“Позади телевизијата ќе стои повторно истиот сопственик, а според неофицијални информации, во реобновувањето на А1 ТВ ќе учествуваат и други лица. Информацијата засега не е официјално потврдена” – се вели во текстот на Скопје 1.
Телевизија А1 важеше за најгледана, највлијателна и најпопуларна телевизија во историјата на Македонија која особено се памети по уникатната информативна програма.
А1 ги емитуваше најголемите филмски блокбастери, домашни емисии, лиценцирани квизови (Милионер, 50:50), гејм шоуа (Тркало на среќата, Момент на вистината, Бабабум) …,
но и лиценцирани регионални шоуа (Македонски идол, Music Idol, Операција Триумф, Големиот брат, Преживеан, Јас имам талент) кои исто така беа пренесувани токму преку фреквенцијата на А1.
Покрај забавната програма и преносите на Премиер и Бундес лигите, А1 беше позната и по најгледаните американски серии како Lost, CSI, Depserate housewives, Friends, Road to Avonlea, Grey’s anatomy, The Sopranos, Charmed, 24 …
а и по најголемите телевизиски феномени како Клон, 1001 ноќ, Дивиот ангел, Млади бунтовници и Кога лисјата паѓаат.
Цртаните серии како Покемон, Дигимон, Фифи, Телетабиси и Драгонбол ги анимираа најмладите, а Бело глувче, К15 и А1 Ексклузив ги забавуваа постарите.
A1 прикажа и познати европски серијали како Сен Тропе, Магепсани, Рекс и Серанови, а ексклузивни договори имаше со повеќе светски продукции.
Дали се точни шпекулациите дека од октомври се враќа А1 телевизија, дознавате наскоро.
Дани | ТВ Пакет