Почетна / Сапуници / Фото | По раскинувањето, Аси во љубовна врска со помлад турски актер

Фото | По раскинувањето, Аси во љубовна врска со помлад турски актер

Само неколку месеци по раскинувањето со режисерот и продуцент Умур Евирген, со кого беше во врска три години, Туба Бујукустун беше забележана со нов маж. Врската со Умур заврши за време на карантинот. За крајот на љубовта, јавноста дозна откако тој беше фотографиран со нова партнерка и тие фотографии беа причина Туба Бујукустјун преку своите социјални мрежи да објави дека таа и продуцентот се разделиле.


Бидејќи е една од најубавите и најуспешни турски актерки, не можеше да помине долго време без да биде центар на нови гласини. Хероината од турските серии која ја знаеме како Аси од истоимената серија, Бидејќи е една од најубавите и најуспешните турски актерки, не можеше да помине долго време без да биде центар на нови гласини.

Хероината од турските серии која ја знаеме како гордата Аси, Мелек од „20 минути“, Елиф од „Пари и љубов“ и по уште многу други одлични улоги, неодамна медиумите ја поврзаа со друг актер, Екин Мерт Дајмаз.
Тој е роден во Холандија и има долгогодишна кариера како модел. Помлад е од Туба 9 години, има 29, а таа 38, и интензивно гради актерска кариера. Беше оценет како едно од најатрактивните лица во Турција и трет на натпреварот Best Model.

Дебитираше како актер во 2014 година и малку по малку добиваше повеќе улоги и ја развиваше својата кариера се додека не си обезбеди место во главната екипа на серијата „Животот е убав“, која беше најгледана во Турција летото 2016 година. Дејмаз претходно беше поврзуван со други актерки како Ханде Ерчел (Црниот бисер, Ќерки).
Туба и Екин се видени заедно во неколку наврати и веднаш во турските медиуми се проширија гласините за можна врска меѓу нив. Познатата актерка, реши да ги коментира таквите гласини на нејзините социјални мрежи, како што тоа го стори и кога зборуваше за распадот на нејзината претходна врска. Во овој случај, таа негира дека е во романтично врска, иако не е целосно експлицитна.


Знам дека тоа го нарекуваш љубов, врска. Среќен си за мене и мора да ме прифатиш. Во моментов имам врска со себе си. Јас сум на бескраен состанок со самата себе. Гледам во “Знам дека тоа го нарекуваш љубов, врска. Среќен си за мене и мора да ме прифатиш. Во моментов имам врска со себе си. Јас сум на бескраен состанок со самата себе. Гледам во моите очи. Ги држам своите раце. Прво мора да ја допрам сопствената душа, мора да бидам љубовта “ – напиша Туба.
Со овие зборови, Бујукустун јасно става до знаење дека е во период од нејзиниот живот кога сака да се фокусира на самата себе пред да размисли за сериозна романтична врска. Неодамна и се случи раскинување на сериозна врска и не е ова прв љубовен бродолом за неа. Таа исто така се раздели од таткото на нејзините осумгодишни близнаци, Топак и Маја, колегата актер Онур Сајлак, со кого се омажи во 2011 година и се разведе во 2017 година.


Фановите на Туба можат да ја гледаат нејзината одличена актерска игра како Мелек за серијата „20 минути“. Во оваа серија приказната зборува за убаво семејство, татко, мајка, ќерка и син кои живеат заедно во среќа и мир. Еден ден, полицијата упаднала и ја одвела мајката (Туба Бујукустун) во затвор. Таа е осомничена дека извршила убиство и е осудена на 20 години затвор. Нејзиниот сопруг (Илкер Аксум) се обидува да ја докаже нејзината невиност, додека истовремено криминалистичкиот истражувач (Фират Челик) се обидува да најде што повеќе докази за да ја открие вистината. Но, големото прашање е дали таа навистина го извршила убиството?


Гледајте ја Туба Бујукустун во„20 минути“ секој работен ден на TDC во 20.40 часот, а оваа година ќе ја следиме како замена на Наре во “Ќерката на амбасадорот”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!