Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / По утринската, во 10 часот на Сител ќе се емитува дневен „Магазин“

По утринската, во 10 часот на Сител ќе се емитува дневен „Магазин“

На местото на грчката сапуница “Бруско”, Сител телвизија ќе емитува нов дневен “Магазин”, по теркот на балканските и македонските телевизии кои исто така емитуваат сличен тип на емисии.

Секој работен ден од 10 часот наутро, ова забавно шоу ќе не води во светот на познатите, но и на не толку познатите. Гостите ќе откриваат што ги плаши најмногу, а на што најчесто се радуваат, но и ќе одговараат на прашања кои досега никој не им ги поставил -велат двете водителки на новиот Сителов магазин.

Во “Магазин”, Сања Димитровска, Александар Динев, ќе разговараат со медицински лица кои ќе ги посоветуваат гледачите како до подобро здравје, животен стил, но и кои се здравите навики кои треба да станат пракса за секого. Новинарите од терен Виктор Вукановски и Симона Илиевска ќе пренесат интересни животни приказни од цела Македонија.

Интересни животни приказни од цела Македонија, анкети и игри со граѓаните на улица, незгодни прашања и забавни одговори, поткрепени со соодветни награди. Но, и директни јавувања во студио.

50 минути возбуда, совети, забава и смеа, плус интересни игри и прашања од фановите за гостите во студиото. Отворено, искрено и без предрасуди во “Магазин” на Сител телевизија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова сезона од фолк емисијата „На здравје“ секоја недела на Алфа

Четвртта сезона од музичката фолк емисија “На здравје” на Алфа телевизија. Секоја недела од 16.15 …

error: Содржината е заштитена!