Историската сага за една голема и “Забранета љубов” продолжува со нови епизоди на Сител но наместо во викенд деновите, од сега ќе ја следите од понеделник до петок во истиот термин – 19.45 часот.
Разнежнете се со драматичната љубов на богатата Ѓулфем и рударот Давут веќе од понеделник, 26 јуни во 19.45 часот со новите и највозбудливи епизоди досега.
Ќе успее ли борбата за правда на селаните и ќе дозволи ли злобниот земјопоседник да се оствари љубовта на неговата ќерка со човекот кој е закана за неговото владеење во таа земја без закони? Земја каде крвта допрва ќе се пролева, а каде забранетата љубов е единствено нешто кое може да ја сопре таа крв.
Следете ги последните случувања на “Забранета љубов” од понеделник до петок, а насмејте се од срце со “Романтичното маало” од сега само во сабота и недела, деновите кога на семејството му треба доза хумор и забава.
Драми и комедија за сите возрасти само на Сител ова лето.
Дани | ТВ Пакет