По премиерно емитување на првата сезона од руската хумористична серија “Гранд”, ТВ 24 во ист термин со повторна реприза на серијата. Од вторник до петок во 18.30 часот, телевизија 24 нѝ ја репризира најновата руска продукција за згодите и незгодите на персоналот вработени во еден хотел. Во продолжение ве потсетуваме како започна првата сезона :
Ксенија Завгороднија е студентка на Факултетот за туризам, амбициозна и наклонета кон авантури. Сака да работи во хотелиерство и еден ден да поседува свој хотел. Но, нејзината опсесивна желба ѝ пречи не само во работата, туку и во учењето. Девојката успева добро да се снајде од секоја можна ситуација, што ја доведува до тоа да побегне од својот град и да дојде во Москва.
Таму се надева дека ќе ја добие работата на рецепционерка во хотелот “Гранд”, каде работи нејзиниот роднина. Но, за почеток станува само собарка. Покрај Ксенија, се запознаваме со сопствениците и вработените во хотелот каде секојдневно ќе се случуваат интересни, непредвидливи и хаотични драматични ситуации.
Дани | ТВ Пакет