На 82 годишна возраст почина Кармен Салинас по хоспитализација од срцев удар.
Актерката има шест децениска филмска и телевизиска кариера, а за македонската публика е позната по споредните улоги во мексиканските теленовели, каде најчесто глумеше добродушна жена од сиромашните квартови.
Па така, ја знаеме како Селија од “Прегрни ме цврсто” (Скај Нет), Чело од “Љубов и омраза” (А1), Малвина од “Невестински превез” (Скај Нет), Канделарија од “Вљубени и злобни” (Сител) и Милагрос од “Триумф на љубовта” (Сител).
Дани | ТВ Пакет