Во отежнати услови со следење на Ковид-19 протоколите, на 26 јануари започна снимањето на краткиот филм „Северен пол“ по сценарио и режија на Марија Апчевска, во продукција на „Кино Око“, информира Агенцијата за филм.
Главните улоги во филмот ги играат Антонија Белезелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Билјана Гргур, шминкер Горан Игњатовски, а тон снимател Игор Поповски. Филмот е копродукција помеѓу Македонија и Србија. Продуцент е Роберт Насков, а копродуценти се Милош Љубомировиќ, Горан Тодориќ од Сервиа Филм.
Снимањето ќе се одвива на локации во Скопје и Македонска Каменица до 31 јануари оваа година.
Инаку, како што информира Агенцијата за филм, ова е осмиот филм што се снима во земјава според Ковид-19 протоколите.
Дани | ТВ Пакет