Озџан Дениз е еден од најпознатите турски актери кои секојдневно го следиме како Фарук во новата турска драма “Истанбулската невеста”.
Познат ни е и по улогите во Конакот на агата, Јунска ноќ, Грев, Црната роза и Во виорот на судбината. Тој знае како да се носи со славата иако понекогаш таа е тешка.
„Истанбулската невеста“ осoбeно ја зголемила неговата популарност. Конфликтот со мајките е честа појава и во вистинскиот живот, а баш и како во серијата, синовите вложуваат многу труд за да го одржат односот со сопругата и мајката и фамилијата.
Озџан од девет години почнал да заработува од музика, а досега има објавено дури 11 музички албуми. Откако се појави на сцената, овој 47-годишен глумец и режисер е препознаван како еден од најзгодните актери во својата земја, но често го споредуваат и со холивудскиот оскаровец Џорџ Клуни.
„Кога ме споредуваат со Џорџ Клуни или со кој друг, сигурно не кажувам: Баш добро – тоа сум јас. Тоа е до гледачите, им благодарам, го сакам Џорџ, нема проблем“, изјави славниот актер. Актерот го бие глас како искрена и драга личност, полна со самопочит, која ја познава дисциплината и обожава учење и работи на себе како уметник. Овој миленик на жените не секогаш бил богат и популарен. Морал да започне баш од нула за денес да биде еден од најплатените актери во Турција.
„Вака ќе ви кажам, славата е неизбежна последица на работата со која се занимавам. Колку и да пробувате да побегнете од нејзе или се борите против нејзе, животот не ви е прекрасен. Но, кога ќе се помирите и ја прифатите како начин на живот, проблемот го снемува“, кажа Дениз.
| ТВ Пакет