Македонскиот писател и поет Стефан Марковски деновиве имаше поетски настапи, предавање, читања и претставување на избор од младата македонска поезија во Словенија, во градовите Љубљана и Крањ во склоп на манифестацијата Прешерново оро посветена на големиот словенечки романтичарски поет Франце Прешерн (Врба, 3 декември 1800 – Крањ, 8 февруари 1849).
Панорамскиот избор поезија на млади македонски автори со наслов (Ne)par: (Dvojezični izbor sveže makedonske literature) во издание на Македонското културно друштво „Македонија“ од Љубљана, вклучува песни и од четворица современи македонски поети, а истиот, заедно со поетски настап на Марковски и Аленка Јовановски беше претставен од страна на Намита Субиото, Лара Миховиловиќ и Петра Коршич во културниот центар Trubarjeva hiša literature.
Дани | ТВ Пакет