По неколкумесечно емитување, заврши приказната за високата мода на галериите “Велвет”.
Фановите на квалитетната европска продукција имаа единствена прилика на телевизија Телма да ја следат романтичната приказна за светот на гламурот и шармот на минатиот век во Мадрид.
“Велвет” беше серија која успеа да ги освои сладокусците на романтичните драми, но и да ги заинтригира оние кои желно посакуваа нешто сосема поинакво, нешто сосема поразлично.
Тимот на ТВ Пакет јавно се заблагодарува до телевизија Телма која успеа да ја прикаже шпанската мелодрама “Велвет” и со тоа да ги задржи стандардите на висока продукција која ја негуваат и диктираат од почетокот на своето постоење.
“Велвет” прикажа спој на љубовни приказни, бизнис интриги и семејни тајни. “Велвет” на драматичен, умерен, хумористичен и софиситициран начин ги заокружи сите магични стории, кои се проткајуваа преку нежна и сентиментална ретро музика, добро скроени парчиња облека и остроумно смислени дијалози.
Приказната за Ана и Алберто ги разнежни душите на вљубените, и токму поради тоа телевизија Телма веќе од понеделник (27 јули) стартува со прикажување на серијата која е продолжение на оваа позната шпанска драма.
Од понеделник бидете повторно со Телма во попладневниот термин од 17.30 часот, затоа што ексклузивниот бизнис со мода од Мадрид се сели во уникатниот бутик во Барселона, каде колекциите на Велвет ќе продолжат да ги задоволуваат вашите апетити за стил и квалитет. Бидете со Телма, следува “Колекција Велвет”.
Дани | ТВ Пакет