Експресно брзо и по втората објавена критика за неажурноста на администраторите на веб страната на Сител, одговорните во телевизијата реагираа и веднаш потоа, грешката е исправена.
Па така, освен на Телма и ТВ 24, од сега навремено и точно за програмската шема на Сител ќе може да се информирате на нивната официјална веб страна.
Единствена глува на критиките за кои пишувавме остана Алфа телевизија. Грешка во делот за програма, никаква информација за играните содржини на телевизијата е тоа што ја отсликува веб страната на оваа телевизија.
Иако уште летото критикувавме со намера гледачите да добијат прецизна и точна услуга, сепак до ден денес тоа не е променето. Хаосот продолжува и очигледно таму никој не сака да промени нешто.
За разлика од Алфа, надлежните во МРТ, Сител, Канал 5, Телма и ТВ 24 веќе успешно ги ажурираа програмските делови на нивните интернет страни и продолжуваат со комплетно информирање на гледачите за сите содржини кои се емитуваат.
Дани | ТВ Пакет