Од понеделник до петок во 18.25 часот на Алфа телевизија со емитување започна модерната мелодрама “Врати ми ја љубовта”, која ја раскажува приказната за музичарката Вера, разгалениот Влад и амбициозниот Антон.
Она што е интересно е што за прв пат во Македонија гледаме руска новела, надсинхронизирана на македонски јазик. И особено за пофалба е што надсинхронизацијата на Алфа навистина звучи одлично. “Липсинкот” (синхронизацијата на усните) е на исто рамниште со турски серии, па затоа гледачите лесно e да прифатат и надсинхронизација на рускиот јазик, за разлика од шпанскиот, каде ваков тип на емитување звучеше лошо и неадекватно.
Искусни млади и повозрасни актери се дел од оние кои го позајмија својот глас во “Врати ми ја љубовта”. Палец нагоре за Алфа и идејата да емитуваат руска серија, надсинхронизирана на македонски јазик, која звучи навистина квалитетно и професионално обработена.
Млада девојка, вљубена во богат бизнисмен. Ќе може ли тој да возврати на нејзините искрени чувства, имајќи предвид дека кариерата и сопругата се неговото богатство? Или може згодниот Влад е вистинската љубов за убавата Вера? Од понеделник до петок, гледајте ја “Врати ми ја љубовта” попладне на Алфа.
https://www.facebook.com/ankica.stojanovskamitrovska/videos/10156989607937734/?t=9
Дани | ТВ Пакет