Почетна / Сапуници / Фото | Погледнете ги дечињата на рускиот актер од серијата на Алфа

Фото | Погледнете ги дечињата на рускиот актер од серијата на Алфа

Од понеделник до петок ги следиме последните епизоди на руската мелодрама “Врати ми ја љубовта” на Алфа телевизија.

Она што особено ги привлече гледачите покрај романтичната приказна, е и главниот актер кој ја толкува улогата на добриот и безгрижен заводник Влад. Дали крајот ќе го скраси делото и Влад ќе ја круниса својата љубов со Вера, останува да гледаме во последните продолженија на серијата.

Влад е една од најпознатите улоги на младиот руски актер Станислав Бондаренко, роден во 1985 година. Студирал глума во Москва, а приватно се занимавал и со балет, карате и танц.

Неговата сопруга Јулија ја запознал за време на студиите, но по одреден период двајцата изгубиле контакт.

По неколку години, случајно се сретнале и сфатиле дека љубовта не смее да се пропушта. Денес, тој е среќно оженет со неа и имаат три деца.

Најмалата Михаела е често фотографирана за познати руски магазини и е постојан дел од социјалните мрежи на Стас и Јулија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!