Младиот Јасмин со спот за песна од 2014-та
Младиот талентиран пејач Јасмин Алиевски сними видеозапис за песната со која се претстави на Охридскиот фестивал во 2014-та година, а истата се најде на многу топ листи на радијата во Македонија. Песната го носи насловот „Давам се“, а е дело на Роберто Поп Димитров (музика и аранжман) и Огнен Неделковски (текст), додека за видео приказната се погрижи Компакт продукција од Кавадарци.
Специјално за снимањето, од салонот на Dynamix земен е најновиот модел на мотоцикл марка Ducati Scrambler 2016, а за да се состави целата приказна опфатени се кадри од Дежа ву (Капитол мол), тениското игралиште покрај реката Вардар кај Александар Палас, Маркова Сушица за накај Козјак, скопската општина Аеродром „кај авиончето“, но снимени се и сегменти во Кавадарци.
– Песната е нова, но сакав да ја оживеам на еден начин со правење на квалитетен видеозапис. Беше прифатена од публиката и имаше многу позитивни реакции, па затоа долго време размислував за изработување на видеозапис. Задоволен сум како испадна целиот проект и се надевам дека на публиката ќе и се допадне, вели Јасмин.
Јасмин Алиевски за македонската публика е познат и по учеството во “Ѕвездите на Гранд” во кое не успеа да обебзеди пласман во финалните емисии.
| ТВ Пакет