Почетна / Живот / Accor и невладината Ла Страда потпишаа ЕСРАТ Кодекс за соработка

Accor и невладината Ла Страда потпишаа ЕСРАТ Кодекс за соработка

Accor, светски водечката хотелиерска групација, Национална комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Република Северна Македонија и невладината организација Отворена порта – Ла Страда го потпишаа ECPAT Кодекс за соработка насочен кон заштита на децата од сексуална злоупотреба во индустријата за патувања и туризам, прв од ваков вид во хотелиерската индустрија во нашата држава.

Уште од раните деведесетти, невладината организација ECPAT International (Крај на проституцијата со деца, порнографија и трговија со деца за сексуални цели), создаде мрежа од 85 субјекти во повеќе од 77 земји за да ги заштити децата и да им стави крај на сите форми на комерцијалнo сексуална експлоатација на деца.

Оттогаш тие работат со претставници на туризмот и туристичката индустрија ширум светот, со цел подигнување на свеста и борбата против сексуалната експлоатација на децата. Воспоставени се партнерства со засегнатите страни во индустријата, вклучително и примена на Кодексот за заштита на децата од сексуална експлоатација при патување и туризам. Кодексот е иницијатива предводена од индустријата и повеќе засегнати страни со мисија да обезбеди свесност, алатки и поддршка за туристичката индустрија во остварување на целите за борба и спречување на сексуалната експлоатација на децата при патувања и туризам.

Учесниците во индустријата што го прифаќаат и потпишуваат Кодексот за соработка се обврзуваат да ги информираат потрошувачите и персоналот за нивната политика за заштита на децата, да пријавуваат потенцијални случаи и да применат други мерки за заштита на децата.

 Кодексот за соработка во туризмот, создаден во 1996 година со поддршка на Светската туристичка организација (СТО) и секторот за туризам, за прв пат е донесен и усвоен во 1998 година. Истиот започна да се управува од туристичката индустрија од 2004 година.

За потпишување на Кодексот, потребно е исполнување на следните критериуми:

  1. Воспоставување на етички процедури и принципи против сексуална експлоатација на деца;
  2. Обучување на вработените за правата на децата, заштита од сексуална експлоатација и како да се пријават сомнителни случаи;
  3. Вклучување на клаузула во договорите во целокупниот вредносен синџир, во која е наведено заедничкото отфрлање и политика за нулта толеранција на сексуална експлоатација на деца;
  4. Обезбедување на информации за туристите за детските права, заштита од сексуална експлоатација и како да се пријават сомнителни случаи;
  5. Поддршка, соработка и вклучување на засегнати страни во спречувањето на сексуална експлоатација на деца;
  6. Подготовка на годишни извештаи за имплементација на активности поврзани со Кодексот.

Accor дава свој придонес преку едукација на своите вработени за откривање и пријавување случаи на сексуална експлоатација на деца во туризмот и угостителството и информирање на гостите во хотелот за нејзината политика. Accor преку својата широка мрежа на светски брендови – ibis, ibis Styles, Novotel, Mercure, Pullman, MGallery, Sofitel и останати, официјално ја изрази својата волја за поддршка на овој концепт преку потпишување на Кодексот за заштита на децата од сексуална експлоатација во туризмот.

Заштитата на децата е една од нашите заложби за поддршка на одржливиот развој, која е во срцето на Accor стратегијата и сме многу горди што сме првата хотелиерска групација во Македонија што го потпиша Кодексот. Нашата заложба е масовно да ги едуцираме и информираме вработените, гостите и клиентите – за да се зголеми превенцијата и свеста за овој неприфатлив проблем. – коментира Катазина Новак,  Корпоративни односи со јавноста и корпоративна општествена одговорност, Accor Југоисточна Европа.

Гобално присутни со повеќе од 4900 хотели, Accor има за цел да биде лидер во создавањето на трендовите за одржливост во хотелиерството преку континуирано создавање на вредности, вклусе посветува на општествената одговорност каде заштитата на децата е дефинирана меѓу приоритетите и е составен дел на етиката на Accor и Повелбата за корпоративна и општествена одговорност.

Accor ја спроведува програмата за превенција во овој дел на Европа помеѓу нашите хотели повеќе од 5 години, во соработка со полицијата и невладините организации, преку организирање на редовни обуки за нашите вработени со цел подигнување на свеста, едукација и знаење за внатрешни процедури кои ја унапредуваат безбедност на децата. Цврсто веруваме дека денешното потпишување на Кодексот е голем чекор напред за натамошни посериозни заложби во градење на одговорен туризам во нашата држава додаде Катерина Илиевска, Генерален менаџер на Ибис Хотел Скопје.

Се проценува дека помеѓу 10-20% од децата во светот се сексуално нападнати за време на своето детство и дополнително, секоја година речиси 2 милиони деца се жртви на комерцијално сексуална експлоатација. Некои од сторителите се туристи и патници. Но, повеќето деца се тргувани во сексуално ропство, за што сведочат прикажаните милиони слики од сексуална злоупотреба на деца ширум светот на интернет. Оваа појава не бележи намалување и одредени форми на сексуално насилство прераснуваат во се поголема грижа. Интернетот го олесни начинот на злоупотреба на децата и дистрибуцијата на материјалите со сексуална експлоатација на деца. Децата прикажани во порнографија, се сè помлади, а сликите стануваат детални и се по насилни.

Националната Координаторка м-р Магдалена Несторовска нагласи дека: “Една од стратешките ориентации/заложби на Националната Комисија за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција е градење на континуирано партнерство со  приватниот сектор, бидејќи единствено преку создавање на широк фронт на чинители (државните институции, меѓународните и невладините организации, граѓанскиот и приватниот сектор) може да  се креира ефикасен, сеопфатен и координиран систем за борба против трговија со луѓе.

Напорите на Националната комисија се подеднакво насочени кон реализација на четирите клучни аспекти, односно 4-те принципи (превенција, заштита, гонење и партнерство). Денеска, со потпишувањето на Меморандумот за соработка  со хотелите од групацијата Акор ги остваруваме три од 4-те водечки принципи: градење на искрено партнерство со приватниот сектор кој ќе доведе го поголема превенција од сексуална експолатација на децата, а со тоа и нивна подобра заштита од криминалците.

Сексуалната злоупотреба и сексуалната експлоатација на деца се грозоморни злосторства кои имаат сериозни и долгорочно негативни ефекти врз децата кои биле жртви. Сепак, многу мал број на насилници се уапсени, а уште е помал бројот на оние кои се осудени. Не постојат статистички податоци за степенот на сексуална злоупотреба врз децата во Европа, но познато е дека постои голема разлика помеѓу бројот на формално пријавени случаи и реалниот број на случаи. Сексуалната експлоатација останува главна цел на трговијата со луѓе. Според извештајот на Национална комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција за 2018 година, во Северна Македонија се откриени 9 жртви на трговија со луѓе, од кои 6 се деца.

“Отворена Порта“ како здружение кое го пренесува гласот на жртвите и обезбедува нивна помош и поддршка, со задоволство се приклучува кон оваа иницијатива. Идентификацијата е клучен елемент за заштита на децата, и затоа соработката не само со институциите туку и со приватниот сектор, и сите други клучни актери игра значајна улога во обезбедување на соодветни сервиси, информирање и заштита на децата од трговија и сексуална експлоатација – изјави Јасмина Д. Рајковска, Извршна директорка на Отворена порта.

За  НАЦИОНАЛНА КОМИСИЈА ЗА БОРБА ПРОТИВ ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ И ИЛЕГАЛНА МИГРАЦИЈА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Владата на Република Северна Македонија реагирајќи одлучно против трговијата со луѓе и илегалната миграција, со цел да постигне повисоко ниво на ефикасност и заедничко дејствување во борбата против овие појави во Република Северна Македонија, во месец март 2001-ва година донесе Одлука за формирање на Национална комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Република Северна Македонија. Согласно оваа Одлука, Владата донесе Решение за именување на Национален Координатор и членови на Националната комисија. Главните цели на комисијата се: следење и анализа на состојбата со трговијата со луѓе и илегалната миграција; координација на активностите на надлежните институции и соработка со меѓународни и невладини организации кои се вклучени во решавањето на проблеми од областа на трговијата со луѓе.

За Отворена Порта – Ла Страда

Здружението на граѓани за акција против насилство и трговија со луѓе – Отворена Порта  е организација која веќе 20 години работи на превенција, едукација, помош и поддршка, како и на застапување на жртвите на трговија со луѓе и сексуално насилство. Како водечка организација во земјата, таа е дел од Меѓународното здружение Ла Страда, европска мрежа на невладини организации за борба против трговијата со луѓе. Здружението – Отворена Порта ги застапува жртвите на трговија со луѓе и има активна улога во креирањето национални политики. Отворена порта не е само организација, туку и движење кое го слуша гласот на најранливите.

Уште од своите почетоци, Отворена Порта во континуитет е насочена кон развој и лобирање на политики и програми насочени кон превенција и заштита на жртвите од трговија со луѓе. Во 2002 година, Отворена Порта ја отвори првата и единствена бесплатна СОС телефонска линија во земјата, специјализирана за информирање, превенција и интервенирање во случаи на трговија со луѓе. SOS-линијата обезбеди совети, информации, заштита и препораки на повеќе од 4000 повикувачи. Како единствен давател на услуги на жртви на трговија со луѓе, од 2005 година, Отворена порта преку својата програма за социјална помош обезбеди сместување, медицинска, правна и психосоцијална помош и поддршка за повеќе од 300 лица.

За Accor

Accor е светска водечка хотелиерска групација која нуди исклучителни и значајни искуства во речиси 4.800 хотели, ресорти и резиденции низ 100 земји. Со исклучителното портфолио на брендови, од луксузни до економични, Accor обезбедува умешност во хотелиерството повеќе од 50 години. Покрај сместување, Accor овозможува нови начини за живеење, работа и игра преку останатите брендови за храна и пијалоци, ноќен живот, благосостојба и соработништво. Со цел да се поттикнат бизнис перформасите, портфолиото од бизнис акцелератори на Accor ја засилува испораката на гостопримство, управување и искуство. Гостите имаат пристап до една од светски најпознатите програми за лојалност – Le Club AccorHotels.

Accor е длабото посветен на градењето на вредносна одржливост и има значајна улога во придонесувањето кон планетата и општеството. Платформата Planet 21 – Acting Here, настојува да дејствува во функција на позитивно гостопримство, додека Accor Solidarity -фондот за донации, ги зајакнува обесправените групи преку организирање на професионална обука и пристап до вработување.

Accor во моментов управува со повеќе од 4900 хотели во светот – вклучително и речиси 3000 хотели во Европа. Со 1150 хотели во развојнaтa линија, стратегијата на Accor е да го забрза хотелскиот развој преку органски раст и преку аквизиции. Групацијата во моментов управува со три хотели во Северна Македонија – ibis Skopje City Center, ibis Styles Скопје, Mercure Тетово и бележи силна равојна линија во Југоисточна и Источна Европа. Повеќе од 55 хотели под брендовите како MGallery, Mercure, Novotel, Adagio – бренд на апартхолел, ibis, ibis Styles, Tribe, Jo&Joe или Mama Shelter, ќе бидат отворени во следните 2-3 години во овој дел од Европа.

Accor SA е вклучена на листата на Euronext Париската берза (ISIN code: FR0000120404) и на OTC пазарот (Ticker: ACRFY) во Соединетите Држави. За повеќе информации посетете не на accor.com. Или станете фан и следете не на Twitter и Facebook.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!