“Конструкт 42” е името на првиот македонски краткометражен анимиран „sci-fi“ филм кој нè носи во далечната иднина и ја раскажува приказната за последните напори за спас на човештвото. Филмот е во режија на Никола Ангелкоски, кој има работено на повеќеинтернационални анимирани филмови.
Гласовите на ликовите ги позајмуваат Кристина Тасева и Александар Алексовски. Монтажата ја врши Жарко Јуруков, а за музиката се задолжени Бојан Сенковски и Михајло Вуковиќ. Конструкт 42 треба да ја има својата премиера во 2021-ва година.
Дани | ТВ Пакет