ТВ 24 со репризни серии во својата програма. Додека на приватните национални телевизии Сител, Канал 5, Алфа и Телма се емитуваат премиерни странски серии, ТВ 24 одлучи на гледачите да им понуди само репризни серии, емитувани минатава сезона на нивната фреквенција.
Освен италијанската сапуница “Женски рај”, американската крими серија за “Реј Донован” и српската комедија “Не ме замарај”, сега следува реприза и на руски ситком.
Згодите и незгодите на персоналот и сопствениците на хотелот “Гранд”, од понеделник до петок повторно на ТВ 24 во 18 часот.
Дани | ТВ Пакет