Вчеравечер, најгледаниот естраден магазин „Бекстејџ” го прослави својот 16-ти роденден.
Роденденската прослава беше во хотел „Холидеј Ин”, а на истата присуствуваше цела македонска и балканска естрада.
На роденденската прослава беа доделени признанија на најуспешните соработници од музичката, спортската и телевизиска сфера.
Меѓу гостите беше дел од џетсетот на македонската естрада, балкански музички ѕвезди, како и политичари.
Директно од Белград, на роденденот на „Бекстејџ” дојдоа мега популарните Нучи, Зера, Хени и Попов, кои добија награди и уживаа до самиот крај на манифестацијата.
Награди добија и Лара Иванова, Пајак, Галоски, Сара Климоска, Елиф Елмас, нашите одбојкари, Либеро бенд, Владо Јаневски, српскиот инфлуенсер Марко Маријоковиќ и единствениот Дарко Димитров.
Награда за општествено одговорна кампања доби „Макпетрол”, наградата за најуникатен локал ја доби „Голд Фелициа”, а „Универзитет Скопје” доби награда за поддршка на македонската музичка сцена.
Бекстејџ има свој печат кој што се разликува од останатите.
Роденденската прослава на Бекстејџ сигурно е еден од нив.
– Не само затоа што е настан каде се собира цела јавна фела, туку затоа што со тие неколку часа прослава ние раскажуваме цела една наша година.
И не се фалиме самите себеси, туку на пиедестал ги редиме достигнувањата на другите видени низ наша призма. – вели уредничката Ева Јакимовска.
Пред 16 години стартуваа со ентузијазам, денес продолжуваат со искуство и сериозна тежина зад себе.
Бекстејџ е многу повеќе од она што го гледаме денес. Да не заборавиме дека освен македонските и балканските ѕвезди, пред објективот на Бекстејџ се појавија и 50 CENT, Џони Деп, Тиесто, Зизи топ, Роџер Санчеџ, Пол ван дајк, Роберто Кавали, Дејвид гета, Ели Голдинг, Виз Калифа,Моника Белучи и многу други.
Ретко кој медиум во Македонија може да се пофали со такви големи ексклузивни имиња.
Дани | ТВ Пакет