Во зовриениот град Белград, манијак убива три жени на крајно суров, ритуалистички начин. Жртвите ги обединува слободоумниот начин на живот и фактот дека се мајки на синови кои немаат татковци. Деца кои не зборуваат.
Напнатата полициска потрага по манијакалниот сериски убиец ќе открие мрачни тајни од минатото и ќе ги вовлече хероите во спирали на измами, лаги и трагични животни искушенија.
Серијата го следи инспекторот Никола (Горан Богдан), поранешен хулиган, кој мора да се соочи со своето мрачно минато и сите негови тајни за да го открие серискиот убиец.
Колку е истрагата е поблиску до крајот, толку е посигурен дека нешто суштински ги поврзува него и убиецот. Ова е приказна за гревот и копнежот, за љубовта и омразата. За пријателството засновано на криминал и тајни. За луѓе кои се и спасители и мачители, жртви и џелати. На крајот на краиштата, ова е приказна за град кој полека тоне во мочуриштето на своето минато.
Наскоро на Телма, во низата српски крими драми очекувајте ја и “Мочуриште”.
Дани | ТВ Пакет