Од 15 октомври во 20 часот на кабловската Нова С започнува нова американска возбудлива акција. Серијата “Криминалци во костуми” ќе се емитува секој работен ден, со реприза следниот ден во 11 часот и ќе ја замени успешната “Suits”.
Наместо адвокати во одела, овде гледаме еден ФБИ агент кој неколку години ја игра играта на мачка-глушец со еден криминален гениј. И кога конечно, федералниот агент Питер ќе успее да го фати шармантниот криминалец Нил, повторно се случува неочекуваното и Нил ќе побегне од затворот за да ја најде својата одамна изгубена љубов.
И овојпат, Питер ќе успее да го “фати својот плен”, но наместо затворска казна, тој предлага една необична алтернатива. Наместо да гние во ќелија, во замена за слобода, Нил ќе мора да им помога на ФБИ во обидите да ги фатат другите озогласени и безстрашни бегалци од правдата. Питер набрзо ќе сфати дека одлуката е правилна, затоа што Нил ги знае сите детали кои ФБИ не може да ги открие во истрагите и кои се на другата страна на правдата.
Покрај Питер, во тимот на ФБИ ја гледаме и неговата мудра сопруга Елизабет, како и Мози, Дајана и Клинтон. Интересни акции на улиците на ЊуЈорк ќе ве остават без здив секоја вечер на Нова С. “Двете лица на правдата” стануваат “Kриминалци во костуми” кои нема да бираат време и простор за да ги остварат своите цели и да ги уапсат злосторниците.
Дани | ТВ Пакет