Од авторите и продуцентите на познатата криминална драма „Сопранови“, доаѓа „Полициска крв“, возбудлива серија што го следи семејството Реган, чии членови со генерации работеле и сè уште работат во њујоршката полиција.
Главниот лик е началникот на полицијата – Френк, воен ветеран, кој ги користи своите специфични тактики во решавање на различни случаи и предизвици кои претстојат пред сите нив.
Неговиот среден син, исто така полицаец, го загубил животот додека ја извршувал својата должност, оставајќи го Френк да биде заштитник на постариот син и детектив Дени, ќерката и заменик државен обвинител Ерин и најмладиот син и новопечен полицаец Џејми.
Ова полициско семејство во секоја епизода се соочува со киднапирања, грабежи и убиства како дел од случаите кои благодарение на своите вештини, брза акција и знаење, успеваат да ги решат.
Секој работен ден на полноќ бидете со Сител и искусете доза на адреналин и возбуда во полицискиот процедурал “Blue bloods”.
Дани | ТВ Пакет