Почетна / Живот / Помош и поддршка на лицата хоспитализирани во земјите во регионот

Помош и поддршка на лицата хоспитализирани во земјите во регионот

Црвениот крст продолжува и понатаму со сите механизми за хуманитарна помош за настраданите граѓани и нивните семејства со нудење на прва психолошка поддршка, прва помош, транспорт и материјална поддршка преку ангажирани 120 лица од редот на вработените и волонтерите.

На пунктовите на Црвениот крст пред болниците во Скопје, Штип и Кочани, граѓаните може да добијат дополнителни информации за нивно сместување, освежување, храна, прва помош и прва психолошка помош.

Граѓаните можат да добијат прва психолошка помош на броевите 071/338-081 во Кочани, 074/203-030 во Штип и 072/271-048 во Скопје.

За помош и поддршка на лицата хоспитализирани во земјите во регионот во соработка со партнерските национални друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина:

За лицата во болниците во Република Бугарија, Црвениот крст на Бугарија ќе овозможи транспорот, сместување, психосоцијална поддршка и друг вид на помош за членовите на семејствато на повредените лица. Информации за помош може да се добијат со контакт во Бугарски Црвен крст: (+359) 02 492 30 40 и Црвен крст на Република Северна Македонија: (+389) 71 341 985. Информации за хоспитализираните лица може да се добијат на јавување во Министерството за здравство на Република Бугарија: (+359) 02 805 03 00.
За лицата во болниците во Република Србија, Црвениот крст на Србија ќе овозможи поддршка за членовите на семејството на повредените лица од пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во Република Србија. Информации за помош може да се добијат со контакт во Црвен крст на Србија: (+381) 62 880 15 18 и Црвен крст на Република Северна Македонија: (+389) 71 341 985.
За лицата во болниците во Република Хрватска, Црвениот крст на Хрватска ќе овозможи поддршка за членовите на семејството на повредените лица од пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во Република Хрватска. Информации за помош може да се добијат со контакт во Црвен крст на Република Северна Македонија: (+389) 71 341 985.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Интерактивни сликовници за развој на моториката кај децата

Нови интерактивни сликовници од серијалот „За вешти прстиња“ од Бенџи Дејвис, со механизми за развој …

error: Содржината е заштитена!