Овие понеделник и вторник на Канал 5 телевизија ќе бидат емитувани последниве две епизоди од турската семејна драма “Беден живот”.
Во 19.40 часот, проследете го крајот на приказната што ги откри човечките трагедии предизвикани од сиромаштијата во едно предградие на Истанбул, дискриминацијата што ја трпат жените, проблемите на работниците и насилниот свет на децата на улица.
Дали Мерием и нејзиното семејство ќе успеат да преживеат во овој голем град кој е толку различен од нивното родно место? Ќе успеат ли на крајот конечно да ги надминат сите потешкотии или истанбулската бура засекогаш ќе ги потопи нивните надежи?
Гледајте го крајот на “Беден живот”, понеделник и вторник на Канал 5.
Дани | ТВ Пакет