Почетна / Забава / Pookie и Groovyman во четврток во ХО клуб

Pookie и Groovyman во четврток во ХО клуб

 

Најпрепознатливите српски ДЈ-и кои се стекнаа и со светска репутација, Пуки и Грувимен, овој четврток ќе ја забавуваат публиката ХО клуб во центарот на Скопје. Back to Basic е темата на забавата во клубот која ќе биде исполнета со  сензуален звук и фанки ритам кој ќе произлезе од миксетите на овие два артисти.

Игор Пуљиќ – Pookie , неодамна стана дел од семејството Nocturnal Groove  во Велика Британија -продуцентска куќа основана од страна на Shapeshifters, а неговата музичката моќ е широко признаена. Публиката го препознава по саундракот за Big Brother Србија кој го изработи заедно со Марко Миличевиќ – Gramophonedzie, а познат е по работата со Дејв Флојд со кој заедно соработуваат со The Shapeshifters, Cedric Gervais, Yousef, Delicious, Stephen M, Greg Stainer и Alex Miles. Со оглед на неговите одлични диџејски вештини и беспрекорни миксови The Shapeshifters го побараа Pookie  да пушта музика со нив на сите нивни Источно Европски шоуа.

 

 

Што се однесува пак до Groovyman кој е поранешен член на  Грамофонеџие, неговите настапи секогаш се генератор на позитивна енергија. Неговиот најнов ремикс што го направи за насловната нумета на хит филмот „Монтевидео, Бог те видео“ потврдува дека неговата кариера се движи во нагорна линија. Соработката со словенечкиот артист Мањифико го понесе кон освојување на светските топ листи, а оваа година можеме да очекуваме и нови авторски песни од него во сличен стил.

 
Забавата во ХО со овие два исклучителни диџеи  ќе започне на полноќ, а влезниците чинат 150 денари. Најсреќните читатели на ТВ Пакет ќе добијат гратиси и за оваа забава.

ХО клуб, за Х можности!

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешен настап на Дијана И. Илкоска со Софиската филхармонија

По неодамнешниот успех во Грузија, нашата реномирана диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, продолжува со нови …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!