Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Попладневни „90 минути“ со Цеце и Марко од новото студио на Телма

Попладневни „90 минути“ со Цеце и Марко од новото студио на Телма

Од понеделник (23 септември) нов попладневен ТВ магазин на Телма. “90 минути” ќе ве дружат вашите утрински пријатели Цеце и Марко кои ветуваат дека секој ден ќе го слават животот заедно со вас, гледачите, ќе ве мотивираат и ќе помогнат заедно да ги надминете сите ваши стравови и падови.

И овојпат како и досега, Цеце и Марко ќе се обидат повторно од срце и душа да ви понудат квалитетни македонски музички содржини, секојдневни нови креативни прилози и многу мигови повторно за споделување магија, љубов и позитивни вибрации во етерот.

Од понеделник до петок во 13.45 часот, следете ја новата забавна и релаксирачка емисија “90 минути” од новото студио на Телма.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Втората сезона од „Трка низ светот“ нѐ носи низ Латинска Америка

Никогаш не било полесно да се стигне до другата страна на светот. Но, дали летајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!