Почетна / Сапуници / Финалните недели од „Луда куќа“ во 19 часот на Канал 5

Финалните недели од „Луда куќа“ во 19 часот на Канал 5

Нови авантури во животот на Асланови. Нови згоди и незгоди на ликовите во хит комедијата “Луда куќа” во последните седмици на емитување.

Урнебесните ситуации продолжуваат на Канал 5, но во нов премиерен термин – од понеделник до петок во 19.00 часот.

Доаѓањето на младата девојка во далечното село го смени животот на семејството Асланови.


Тоа е едно големо и весело семејство, на чиј чифлик живее Ведат со со неговата мајка Хајрије, сопругата Хатиџе и четирите сина, четирите аслани.

Ведат е фармер, додека неговата сопруга Хатиџе е домаќинка која исто така работи на чифликот, одгледувајќи кокошки и зеленчук.


Најстариот син Гајрет работи како радиолог и е зависник од чистење. Поради неговата претерана педантност, тој не може да успее да задржи било која девојка и сите негови обиди за запознавање пропаѓаат.

Вториот син Мурат е триесетгодишен згоден полицаец, кој е исклучително умен и грижлив за сите во семејството.

Третиот син Умут е посветен новинар…

…а најмалиот, четвртиот син Мутлу е весел и безгрижен, поминувајќи го времето на имотот со бабата и родителите.


И така, со доаѓањето на Бурџу, едноставниот живот на Асланови се промени од корен. Моментот кога девојката затропа на капијата беше моментот од кога ништо повеќе не беше исто.

Љубовта меѓу Бурџу и Мурат ги промени нештата и донесе низа на урнебесни ситуации и глупости во лудата куќа кои ќе ги следите од сега во 19 часот на Канал 5.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!