Поради пандемијата со корона вирусот, запрено е снимањето на најголем дел од сериите и емисиите низ светот, онаму каде што има групирање на луѓе кое не се препорачува согласно ставовите на експертите.
Една од тие емисии кои за жал во моментов не се снима е и македонското популарно кулинарско шоу “Брза Кујна” на Сител телевизија.
До подобри времиња и до повторно дружење со Александра, Марк и Никола, гледачите ќе може во наредниот период да се потсетуваат на слатките задоволства од кујната, и тоа од понеделник до петок наутро во 6 часот на Сител.
Дани | ТВ Пакет