Од 16 јуни 2021-ва година нема никаква информација и прилог на веб сајтот на телвизијата 24 за филмовите кои се емитуваат. Исто е и со сериите, но тоа и не е толку страшно затоа што ТВ 24 повеќе не емитува нови серии, туку една руска сапуница ја влече веќе две сезони, па нема ете ни потреба да се “чепка” нешто во делот на Серии на веб страната.
Но, да се вратиме кај Филмовите. Оваа година, од вторник до петок се емитуваат прмиерни филмски наслови на оваа фреквенција, кои може да се дознаат на програмскиот водич на телевизијата (иако и тоа е дискутабилно затоа што многу често во програмскиот водич стои “Игран филм”, без прецизен наслов што ќе гледате). Или… едноставно не стои ништо.
Дoколку некој сака да дознае кој е филмот, за што се работи и која е актерската екипа, дефинитвино нема шанси да му се пружи таква информација. Никој во телевизијата не објавува ништо за филмските наслови на веб сајтот на телевизијата веќе година и половина.
Па би ги советувале вработените во телевизијата – нека ги посетат веб страните на регионалните балкански телвизии и нека видат како глeдачите треба да бидат информирани за филмовите кои се емитуваат. Доколку балканските телевизии се сепак недостижни ете, нека видат како домашнитe национални телвизии како Сител, Канал 5, МРТ и Телма тeковно објавуваат на нивните веб страни содржини за сериите и филмовите што се емитуваат.
Голема и особена пофалба за Телма и МРТ кај кои нема утка во точна и прецизна информација и промоција на филмската телевизиска палета не само на веб страните, туку и на сите социјални медиуми.
| ТВ Пакет