Секој понеделник на Pickbox во 21 часот
Долго очекуваната трета сезона на каналот Старз, криминалистичката драма “Моќ” (Power), пристигна на Pickbox минатиов понеделник, на 18.7. Третата, уште повозбудлива сезона на Моќ ни носи 10 епизоди во траење од по еден час.
Во новата динамична сезона, Џејмс Патрик Дух (Омари Хардвик) е сопственик на нови ноќни клубови, повеќе не е во нарко-картелот и уште повеќе се зближува со Анџела (Лела Лорен), неговата љубов од младоста, која работи во Одделот за наркотици и која, всушност, го бара Дух за да го уапси. Во мигот кога изгледа дека алтер-егото на Џејмс, Дух, е само минато што избледува, ќе се случи нешто што ќе го натера да преземе одговорност поради бегството од животот од којшто не може да излезе без крв на рацете.
Отуѓениот пријател на Џејмс, Томи (Џозеф Сикора), повторно се зближил со својата девојка Холи и се обидува да ја воспостави нарко-организацијата на Лобос, но неговата главна задача е да го убие својот довчерашен пријател Дух.
Дух конечно може да има сѐ што сака, но духовите од стариот живот ќе се појават и ќе почнат да го прогонуваат.
Авторка и извршна продуцентка на серијата е Кортни А. Кемп. Извршни продуценти се Кертис Џексон, наречен 50 Сент, Марк Кантон, Рендел Емет и Гери Ленон.
Дани | ТВ Пакет