Почетна / МК Сцена / Позната македонска пејачка со настап оваа година на „Макфест“

Позната македонска пејачка со настап оваа година на „Макфест“

Фестивалот на забавна музика „Макфест“ годинава ќе се одржи на 25 и 26 октомври. Годинава како новитет, изведувачите ќе бидат придружувани од оркестар составен од 15 музичари.

„Оваа година ќе се реализира на 25 и 26 октомври, ќе биде во Домот на културата Ацо Шопов Штип. Новина оваа година е дека освен изведбата во живо, изведувачите ќе бидат пратени од мини оркестар кој ќе биде составен од 15 музичари. Сите организациски и технички припреми за фестивалот се завршени, изјави Александар Арсовски – организатор од Општина Штип.

Тој посочи дека на фестивалот ќе се престават 26 изведувачи меѓу кои и позната македонска пејачка, Елена Ристеска. Единствена награда која ќе се додели ќе биде за најслушана песна меѓу двата фестивали.

„Единствена награда која ќе се додели оваа година ќе биде наградата за најслушана композиција во прериодот меѓу двата фестивали. Други награди не се предвидени. Можам да кажам дека интересот од година во година на изведувачите за учество на фестивалот се зголемува“, рече Арсовски.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

error: Содржината е заштитена!