Од понеделник до петок во 16.55 часот следете ја најновата мексиканска теленовела на ТВ Телма.
Токму таму ќе имате повторна можност да се дружите со популарната латиноамериканска актерка Габриела Спаниќ, позната за сите како “Злобница” (La Usurpadora), серија своевремено емитувана во Македонија со голем успех.
Покрај двојната улога во “Злобница”, македонската публика се сеќава на неа и како Сјело од летниот хит “За твојата љубов”…
a потоа актерката се појави и во “Присионера”, “Земја на страсти”, “Осветничка” и “Валентина”.
Овојпат актерката со хрватско потекло ќе ве дружи во новата серија, но во споредна улога.
Каква е нејзината улога и како изгледа Усурпадора години подоцна, дознавате на Телма во новата мексиканска новела “Ако нè остават”.
Дани | ТВ Пакет