Почетна / МК Сцена / Познати песни, нов звук: Јане Славов со кавери за месецот на жената

Познати песни, нов звук: Јане Славов со кавери за месецот на жената

Откако неодамна го започна својот соло пат, Јане веќе ги подготви своите први кавери, кои се посвета на понежниот пол. Тој во свој стил се потруди да искаже благодарност до сите дами кои го поддржуваат, а секако на посебно место ја издвои и неговата сопруга.

Македонскиот пејач кој неодамна се раздели од бендот „Фидбек“, Јане Славов активно работи на својата соло кариера и веќе ги презентира новите материјали кои специјално ги подготви за месецот на жената.

Јавноста може да ужива во кавер-верзиите на песните „Покажи ми што знаш“, „Вјеруј у љубав“, „Вјеруј ми“ и „Ноктурно“ во изведба на Јане Славов. Новите материјали се достапни на сите дигитални канали како Фејсбук, Инстаграм, Тикток и Јутјуб.

Покрај бројните ангажмани во локалите ширум нашата земја, Јане за наредниот период подготвува и повеќе авторски проекти со кои ќе ги изненади своите пријатели и обожаватели.

Март или „Месецот на жената“ е месец во кој повеќето музичари подготвуваат новитети, специјално подготвени за понежниот пол.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наум Ивановски-Нани – новото име на македонската поп-рок сцена

Македонската музичка сцена добива нов, свеж глас кој освојува со искреност, емоција и автентичност – …

error: Содржината е заштитена!