Почетна / Серии / Познатиот американски ситком „Сите го сакаат Рејмонд” на Fox Life

Познатиот американски ситком „Сите го сакаат Рејмонд” на Fox Life

“Сите го сакаат Рејмонд” (англиски: Everybody loves Raymond) е американски ситком емитуван на телевизијата CBS од 1996 до 2005. Заедно со Сајнфелд, Пријатели, Фрејзер и други, се смета за еден од најпознатите американски ситкоми.

Серијата се врти околу секојдневниот живот на итало-американецот Реј Барон, писател на спортска колумна во весник, кој живее со својата жена Дебра Барон, нивната ќерка Али и нивните идентични синови Мајкл и Џефри. Родителите на Реј и неговиот љубоморен и несигурен брат Роберт, не ги оставаат Реј и Дебра на мира ни еден момент.

Реј често се вмешува во нечии проблеми, но на крај обично тој излегува виновен. Неговата жена има задача да се грижи за него и за децата, а почесто и за неговиот чуден брат и неговите родители.

Сите го сакаат Рејмонд кај нас се емитуваше на Сител телевизија, а сега повторно на FOX Life од понеделник до петок во 15.15 часот, со репризи наутро во 6.45 часот.

Улогите ги толкуваат Реј Романо (Рејмонд), Патриша Хитон (Дебра), Бред Герет (Роберт), Моника Хоран (Ејми), Медлин Суитн (Али), Дорис Робертс (Мари), Питер Бојл(Френк.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

error: Содржината е заштитена!