Кадир Догулу, актерот кој го гледавме во турските телевизиски серии “Рането срце” и „Дозволи да те сакам“ проговори за својот брак со Неслихан Атагул, нам позната како Нихан од „Карасевда“. Тие својата врска ја започнаа додека глумеа во серијата „Рането срце“ во 2013, а три години подоцна љубовта ја крунисаа со брак.
Две години сте во брак, меѓутоа константно излегуваат вести за развод…
- На магазините им се потребни такви вести за да би опстанале. Нам секој ден ни е се поубаво во бракот, ние се венчавме верувајќи дека можеме секоја препрека да ја совладаме заедно.
Што се промени во вашиот живот откако сте во брак?
- Се смирив и животот ми се разубави.
Што е тоа што го прави вашиот живот толку убав?
- Не е лесно да се бориш сам во овој свет. Треба да се подржуваме меѓусебно, рамо до рамо, грб до грб, понекогаш да бидеш еден чекор пред оној другиот, а понекогаш еден чекор зад него. Накратко, ги проживувам само убавите работи кои ги нуди бракот.
Што ве научи вашата врска?
- Научивме да станеме едно. Кога две личности станат едно, тоа е чудо.
Заедно сте 5 години, дали љубовта се менува со времето?
- Љубовта секој ден се повеќе расте. Секое утро се будам гледајќи ја до себе и му се заблагодарувам на бог за тоа.
Неслихан го истетовира вашето име на десната усна, дали вие направивте нешто слично на тоа за нејзе?
- Таа со тоа сакаше да ме изненади. Јас немам тетоважи, ја искажувам мојата љубов на други начини.
Каков пар сте?
- Она што луѓето го нарекуваат сродна душа, тоа не може да биде вашата жена. Тоа може да биде вашиот брат или другар. Ние сме два различни карактери и со секој ден откриваме нови работи еден за друг.
Дали еден на друг ги откривте шифрите на телефонот?
- Таа знае се за мене и јас знам се за нејзе. Ние сме маж и жена и потребно е да си ги знаеме шифрите на телефонот доколку нешто се случи. Но не се контролираме еден со друг.
Тие од неодамна се преселија во поголема вила и сега чекаме вести за бременоста и доаѓањето на третиот член во фамилијата, се надеваме наскоро.
| ТВ Пакет