Почетна / Серии / Прајм-тајм серија: Sleepy Hollow

Прајм-тајм серија: Sleepy Hollow

 

Новата телевизиска сезона беше презентирана од страна на FOX, која од 16 септември почна да ја емитува новата серија „Sleepy Hollow“, модерен римејк на познатиот игран филм на Tим Бартон.

 

 

Да избегнеме секакви сомнежи серијата и филмот се сосема различни, а исто така серијата се разликува и од романот на Вашингтон Ирвинг. Развиена од страна на тројцата продуценти на серијата „Fringe“, Sleepy Hollow е мешавина од различни жанрови – фантазија, трилер и хорор.

 

 

СИНОПСИС
Ichabod Crane (Том Mison), околу 250 години по неговата смрт се наоѓа себеси катапултиран во Sleepy Hollow во сегашноста. Во свет многу различен од оној што се сеќава, наскоро дознава дека тој не е сам што се појавува од минатото. Заедно со него и обезглавениот коњаник се враќа да излие хаос и терор. За помош во напорите да се запре озлогласениот демон ќе се погрижи тврдоглавата и храбра детективка во малиот град, Abbie Archer (Nicole Beharie).

 

 

Ichabod и Abbie, ќе дознаат дека Sleepy Hollow порано или подоцна ќе стане театар на вечна и крвава битка помеѓу доброто и злото.

Во продолжение погледнете го трејлерот на серијата:

 

 

 

Мите Иванов | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!