Почетна / Сапуници / Пред да игра во „Ти го давам животот”, актерот бил на смртна постела

Пред да игра во „Ти го давам животот”, актерот бил на смртна постела

Мексиканскиот актер Хорхе Салинас за прв пат проговори за својата моментална здравствена состојба и ја откри страшната болест од која страдал и пред неколку години откако поминал низ комплициран проблем со белите дробови кој можел да биде опасен по живот.

Според извештаите од тоа време, актерот бил примен во болница поради пневмонија и хроничен ларингитис, па дури и завршил на интензивна нега. Не можел да земе здив, состојбата се влошувала од минута во минута и самиот тој бил сигурен дека ќе умре.

И покрај фактот што успеал да се опорави од комплицираните здравствени проблеми, Хорхе Салинас „сè уште не се ослободил од сè“. Во своето интервју, ѕвездата на Телевиса откри дека има и нова состојба која бара операција со висок ризик.

И покрај ова, 56-годишниот Хорхе претпочита да чека и да одвои време внимателно да ги разгледа своите опции бидејќи, како што споменавме, оваа операција е крајно ризична и може да има сериозни последици по неговото здравје, според People en Español.

Актерот од актуелната новела на Телма – “Ти го давам животот”, благодарение на неговата богата уметничка кариера и неговата галантност успева да ја заслужи почитта на илјадници гледачи кои се восхитуваат од неговите изведби.

Претходно, македонските гледачи го паметат по главните улоги во мега хитот “Патишта на љубовта” каде ја толкуваше улогата на Габриел, а по таа серија настапи и во “Невината сопруга”, “Маријана”, “Грдата Лети”, “Врела крв” и “Жената која не можеше да сака”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!